11pm е бренд за сатенски пижами и производи за дома, основан во 2020 година како спој на вештините и пасијата на мајка и ќерка. Комбинацијата на грижа за кожата и долгогодишното искуство во текстилната индустрија изгледаше како совршен спој да се создаде тоа што недостасуваше на секоја жена тука.

Тоа што почна како прибежиште од секојдневието за време на пандемија, набрзо се претвори во нешто многу поважно. 11pm стана заедница пред сè за жените и потсетник за нешто што долго и често се земало здраво за готово — правото на жената да одвои малку време за себе, без вина.

Светот е сè побрз и животот сè повеќе бара од нас да сме силни. Но постојат начини да ја задржиш нежноста кон себе и сепак да си силна кон светот. Ние веруваме дека еден мал ритуал или промена може да направи вистинска разлика во твоето секојдневие. Грижата за себе не мора да биде луксуз.

Денес, 11pm не е само бренд, туку е заедница за оние што знаат дека грижата кон себе се одсликува на сè што правиш.

Брендот е препознатлив по сатенските навлаки, пижами и аксесоари. Секое парче од 11pm се прави по нарачка, во семејна работилница. Нема фабрика, нема залихи, нема производство во сомнителни услови.

Материјалот се крои со план за да остане колку што е можно помалку отпад. Зашто вниманието со кое се грижиме за себе и нашата еко свест ги пренесуваме и во начинот на кој создаваме.